Независноста би ја чинело Шкотска 12,5 милијарди евра годишно

34

Економијата на Шкотска би се соочила со потенцијална загуба од 12,5 милијарди евра (11 милијарди фунти) годишно ако стане независна држава.

Во извештајот на Лондонската школа за економија (London School of Economics) и на Градскиот универзитет во Хонгконг се наведува дека цената на напуштање на заедничкиот пазар на Обединетото Кралство би ги чинело Шкотите двојно или тројно повеќе од ефектот на излегувањето на Веика Британија од Европсата унија.

Влијанието врз трговијата со Велика Британија и ЕУ ќе ја намали шкотската економија долгорочно меѓу 6,3 и 8,7 %. Тоа е еквивалентно на загуба меѓу 2.000 и 2.800 фунти по глава на жител годишно. Населението во Шкотска изнесува речиси 5,5 милиони луѓе, а загубите ќе бидат меѓу 11 и 15,4 милијарди фунти.

Фото: Pixabay