Нездрави навики кои можат сериозно да ви наштетат

31

На сите добро ни е познато дека не треба да пушиме, да се изложуваме незаштитени на сонце, да не претеруваме со преработената храна… Но, постојат уште ред други нездрави навики кои треба да престанеме да ги практикуваме ако сакаме да си обезбедиме подолг живот.

Опседнатост со годините

Дали станувате раздразливи и нервозни кога ви се ближи роденденот? Уште една година е зад вас, а тоа воопшто не ви годи. Веднаш променете го ставот. Доколку се фокусирате на негативниот аспект на стареењето, ќе се чувствувате постари, вели едно истражување од Универзитетот Пердју во Индијана, САД. Ако сакате да изгледате помлади, најпрво мора да се чувствувате така, а тоа зависи само од вас.

jatkasti-plodovi-pexels

Не конзумирање на јаткасти плодови

Доколку не сте алергични, треба секојдневно да јадете јаткасто овошје (ореви, бадеми, лешници…) во умерени количини. Резултатите од две истражување спроведени на Харвард покажаа дека оние кои редовно конзумираат јаткасто овошје имаат помали шанси да заболат од рак, срцеви болести и болести на дишните патишта.

Мрзоволност

Ако сте постојано мрзоволни, нерасположени и негативни, си го скратувате животот. Срдечноста и несебичноста можат да го продолжат животот. Помагањето на другите го намалува стресот, а дарежливоста е особина која може многу да ви помогне за поквалитетен живот.

Целодневно седење

Седење повеќе од една декада преку шест часа дневно може да ви одземе седум години живот. Доколку работата ви е поврзана со долготрајно седење, станувајте и прошетајте барем низ канцеларијата неколку пати, на пример, секогаш кога зборувате на мобилен телефон.

nesonica-pexels

Неспиење

Ако работите трета смена или доколку сте “ноќна птица”, го пореметувате вашиот биолошки часовник затоа што не спиете кога треба. Неспиењето може да доведе до дијабет тип 2, прекумерна тежина, срцев и мозочен удар. Освен тоа, недостатокот на сон го забрзува процесот на стареење на мозокот.

Бавно одење

Истражувањата велат дека бавното одење го скратува животот. Дури и ако пешачите долго време, бавното чекорење може да му штети на организмот. Затоа забрзајте го темпото.

Фото: Pexels