Ние ги поставуваме прашањата со ШТО и ЗОШТО, но исто така ве учиме КАКО

144
11
Венера Крлиу-Ханџиски, главен оперативен директор на УАКС и координатор за постдипломски студии

Венера Крлиу-Ханџиски е  главен оперативен директор на Американ колеџ и координатор за постдипломски студии. За Бизнис Инфо таа говори за вредностите што ги добиваат кандидатите со следењето на МБА програмата на Американ колеџ, за тоа како е да се учи од најдобрите и за визијата Скопје да прерасне во студентски град кој ќе нуди посебни услови и поволности за следење на магистерски студии по бизнис администрација на студентите од земјата и странство.

БИ: Доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски, Вие сте координатор за постдипломски студии на Американ колеџ. За почеток, дали можете да ни дадете повеќе информации во врска со МБА програмата која ја нуди Американ колеџ?

МБА програмата што ја нуди Американ колеџ е конципирана со цел да ги подготви студентите за глобалниот свет, притоа помагајќи им да се справат со секојдневните промени во бизнис заедницата и општествената реалност. Оваа програма е меѓународно акредитирана од Советот за акредитација на бизнис факултети и програми од САД (Accreditation Council for Business Schools and Programs – ACBSP), што ја прави единствена од овој вид во Република Македонија и регионот. Како таква, истата е особено атрактивна за менаџерите на компаниите и професионалците од деловната заедница, бидејќи тие се стекнуваат со најнови сознанија од реномиран академски кадар, професори по клиничка настава од земјата и меѓународни визитинг професори кои предаваат на високорангирани универзитети ширум светот. И сето тоа, по цени кои се особено поволни и компетитивни во земјата и соседните држави. Школарината за МБА студии на Американ колеџ изнесува 30% од школарината која ја нуди Универзитетот Шефилд во Грција или Американскиот универзитет во Бугарија.

БИ: Со какви вредности се стекнуваат постдипломците? На кој начин МБА програмата на Американ колеџ придонесува за развој на нивната понатамошна кариера?

Следењето на МБА програмата на Американ колеџ, допринесува кандидатите да се стекнат со следните вредности:

– Зголемување на самодовербата на кандидатите;

– Стекнување вештини кои им помагаат на поедноставен начин да го интегрираат бизнисот во секојдневните економски случувања во земјата и странство;

– Стекнување поголема самодоверба во процесот на донесување на одлуки;

– Учење техники за совладување на времето со приоритизирање, со цел носење на вистинска одлука во вистинско време;

– Развивање на способности врз основа на изучување на техники за разрешување на проблеми во секојдневното управување со бизнисот;

– Подобрување на степенот на познавање на деловниот англиски јазик, кој е неопходен за непречено одвивање на секојдневната комуникација во бизнис заедницата;

– Развивање на лидерски способности и подобрување на визијата за иднината на компанијата;

– Структуирање и насочување на сопствените мисли низ игри на улоги, со цел пренесесување на јасна и трајна порака до целната група;

– Сознанија како да ги воочат разликите меѓу вистинскиот проблем и неговите симптоми, односно кандидатите стануваат сензибилни за појасно идентификување на вистинските проблеми;

– Знаење во насока на градење на сопствената и менување на емоционалната интелигенција на останатите вработени во компанијата, со цел постигнување на кохезија и ефикасност на членовите на тимот.

Преку следење на оваа програма, студентите имаат можност за вмрежување и проширување на мрежата на деловни контакти. Воедно, нивната компанија може да постане член во Деловниот совет на Американ колеџ, во кој што членуваат повеќе од 150 компании од бизнис заедницата во Македонија.

12

БИ: Кои области ги изучува МБА програмата на Американ колеџ?

Преку изучување на МБА програмата на Американ колеџ, студентите имаат можност да се стекнат со знаења и вештини во областа на: човекови ресурси, стратегиски менаџмент, управување со операции, организациско однесување, корпоративни финансии, лидерство, управувачко сметководство, регрутирање и селекција на вработени, анализа на финансиски извештаи, управување со ризици и стрес менаџмент во банки, стратегиски бренд менаџмент и сл. Менаџерите и професионалците кои се дел од оваа програма, имаат можност да ги применат сознанијата при управувањето со својата компанија и воедно да работат во насока на подобрување на финансиските резултати, позиционирањето на домашните и странските пазари и квалитетот на вработените. Воедно, кандидатите се стекнуваат со техники и методи кои им помагаат во процесот на оперативно водење на компанијата, развој на маркетинг секторот, зголемување на производствениот капацитет и зајакнување на увозот и извозот на компанијата на меѓународните пазари.

МБА програмата на Американ колеџ се нуди за период од едногодишни или двегодишни студии. Едногодишната МБА програма е наменета за кандидатите кои имаат стекнато четиригодишно образование на додипломски студии. Истата се нуди на четири насоки: менаџмент, маркетинг, финансии, менаџмент на човекови ресурси и општ менаџмент. МБА програмата со времетраење од две студиски години е наменета за сите кандидати кои имаат завршено тригодишни студии од прв циклус. Тие имаат можност да изберат една од понудените насоки: менаџмент, маркетинг, финансии и банкарство и менаџмент на човекови ресурси.

БИ: Првата МБА програма е воведена од Харвард факултетот за бизнис уште во далечната 1908 година. Согласно оваа програма, се конципирани вашите магистерски студии по бизнис администрација. Како е да се учи од најдобрите?

Да се учи од најдобрите и со најдобрите, Харвард бизнис школа, претставува вистинска привилегија, но и предизвик. Горди сме на фактот што досега, вкупно 16 професори кои предаваат на Американ колеџ имаат стекнато сертификат за предавања согласно методите со студии на случај и фокус на студентите кои ги применува оваа високообразовна институција, што нè издвојува од останатите универзитети ширум Македонија и регионот.

Нашата наставна филозофија е базирана на наставниот метод: „Ние ги поставуваме прашањата со „ШТО“ и „ЗОШТО“, но исто така Ве учиме КАКО.“ На предавањата на нашата МБА програма применуваме методологија на партиципативно учење насочено кон студентите, што претставува нов интерактивен метод во наставниот процес. Овој метод на учење претпоставува дека студентите ќе стекнат знаења доколку самите дојдат до заклучоци и најдат решение на проблемот. Се разбира дека домашните и странските предавачи ги запознаваат МБА студентите со концептите, теоријата и претходните искуства од праксата, но студентите се тие кои што е потребно да најдат алтернативно решение на вистинскиот проблем.

13

БИ: Согласно едно рангирање, МБА програмата на УАКС е меѓу најдобрите десет програми во Југоисточна Европа. Можете ли да ни дадете повеќе детали за ова рангирање?

Согласно глобалното рангирање на МБА програми, кое го спроведува CEO магазинот од Лондон, програмата за магистерски студии по бизнис администрација на Американ колеџ е рангирана меѓу најдобрите во регионот во Југоисточна Европа. Покрај вообичаените академски критериуми, ова рангирање ја зема в предвид сеопфатноста на студиите и соодветноста на пазарот на кој делува. Притоа, студентите во Скопје се стекнуваат со диплома за магистер по бизнис администрација (МБА), која е најдобро рангирана и тоа со школарина достапна за македонскиот стандард на живеење. Тоа е доказ за квалитетот на нашата МБА програма и истиот се должи на реномираниот академски кадар и студиска програма конципирана согласно условите кои ги пропишува професионално акредитационо тело за бизнис програми во САД.

БИ: Кои се Вашите идни планови во насока на МБА програмата на Американ колеџ?

Нашата визија е интернационализација на МБА програмата на Американ колеџ. Притоа, истата ќе се нуди во земјите во регионот, сè со цел привлекување на студенти од соседните држави и проширување на дејноста на универзитетот. На тој начин, Скопје ќе прерасне во студентски град, кој ќе нуди посебни услови и поволности за следење на магистерски студии по бизнис администрација на студентите од земјата и странство. Тие ќе имаат можност да се стекнат со меѓународно акредитирана диплома, која ќе им помогне да напредуваат на својата работна позиција и да ги продлабочат своите знаења и вештини.