Никогаш не закажувајте состанок во понеделник наутро

29

Фото: Pixabay

Иако состаноците не се најомилениот дел од работата на многумина, бидејќи траат долго, а понекогаш се премногу здодевни, сепак се важен канал за комуникација во компанијата.

Науката покажува дека се прави голема грешка кога се закажува состанок во понеделник наутро. Според Лин Тејлор, авторка на книгата Скротете го грозниот канцелариски тиранин: Како да управувате со детинестиот шеф и како да напредувате на работа, тврди дека вработените се најпродуктивни во понеделник наутро. Од таа причина, важно е да не им се пречи во нивната концентрација со долги состаноци.

Најоптималното време за закажување состанок, како што пренесува CNBC, е вторник во 14:30 часот. Според направеното истражување, во кое се опфатени повеќе од два милиони одговори на 530.000 повици за состаноци, тоа не е ниту рано наутро, ниту премногу доцна во текот на работната недела.