Никој не може да го запре растот на Кина

32
Weifang kite festival in China. Vector cartoon landscape of chinese village with traditional houses, glow lanterns on street and flying paper red dragon in sky

Извозот на Кина продолжи да расте и во октомври, па стапката е најголема во последните 19 месеци. Според официјалните податоци, стабилен раст има и кај увозот, додека економијата покажува добри знаци на напредок.

Во октомври, извозот на Кина порасна за 11,4%, додека кај увозот скокот е за 4,7%, во споредба со истиот период лани. Во апсолутен износ, кинескиот извоз е 237 милијарди долари, а увозот 179 милијарди долари.

Зголемениот извоз создаде суфицит од 58,44 милијарди долари, што е за 34,9% повеќе во однос на истиот период минатата година.

Извозот на Кина би можел да го задржи силното темпо до крајот на годината, бидејќи домашните компании закрепнуваат многу побрзо од остатокот на светот, а продаваат и многу повеќе производи што се поврзани со Ковид-19, како што се заштитни маски за лице.

Фото: Freepik