Никој не ни е крив

6

kriv

Фото: Pexels

Оф мори мајкоооо… и секогаш на ова имаме: па што ти е крива мајка ти? И навистина така е, што е крива таа што вам ви е тешко или вие нешто не сте направиле како што треба!?

И не е само оваа изрека, тука велиме и:

што ми требаше да го направам ова…

кој ме тераше да ја превземам оваа работа…

немам време да го завршам….

Да, никој друг не ни е крив за тоа што не сме направиле нешто како што треба или повторно треба да го преправиме. За да не дојдете во такви ситуации и да ви се случи тоа, потребно е:

  • Убаво планирање – ние цело време велиме, што повеќе време инвестирате во планирање, со тоа шансите за грешки се помали или никакви. Но дека треба работите да се испланираат убаво, тоа е повеќе од потребно.
  • Прашања – за секоја работа која ви е доверена, поставете си милион прашања. Тие треба да се во функција за помош околу планирањето, околу изведбата на работите, но и како најдобро да ги завршите дадените обврски. Прашувајте цело време.
  • Консултации – задолжително да се исконсултирате со луѓе кои веќе поминале низ истото или слично што и вие. Нивните искуства се секогаш добредојдени.
  • Дефинирање на временската рамка на изведување на работите – со дефинирање и периоди кога ќе можете да направите пауза и ревизија на досега сработеното. Па, ако се констатира дека нешто сте згрешиле тогаш барем да биде почнување од почеток на помалку поминат минат труд, а не на крај да заклучиме дека сме ја утнале работата.
  • Преземање на обврски – ако не можете да ги исполните, подобро кажете отворено дека не можете отколку да ги преземете, па по пат да се увиди дека не сте можеле. Но немојте, па да ви стане навика да ескивирате.
  • Самокритичност – бидете и самокритични со тоа што ќе бидете реални во своите можности, возможности и реални способности да ја извршите задачата. Не велам дека треба да имате сомнеж во себе, но мала доза на самокритичност нема да биде на одмет.

Знаете како, најлесно е да се окриви некој друг, а ние некако станува махери во тоа. Напишав погоре, но и ќе кажам пак, никој друг не ни е крив, освен ние самите!

Со успех во промените.

Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.