Nikon со нов производ на пазарот – Coolpix W150

34

Јапонската компанија Nikon го претстави својот најнов производ Coolpix W150. Фотоапаратот, којшто има повеќе функции е водоотпорен на длабочина од 10 метри, може да “преживее“ пад од 1,8 метри висина, отпорен е на прашина и функционира на екстремно ладни температури.

Coolpix W150 има сензор за фотографии од 13,2 мегапиксели, 3x оптички зум од Nikkor леќите, којшто може да се зголеми до 6x со дигитална помош, без фотографијата да изгуби од својот квалитет.

Фотоапаратот може да снима HD видеа со стерео звук и има вградено Wi-Fi и Bluetooth, пишува New Atlas.

Освен тоа вклучува и снимање на гласовни пораки на фотографиите, на коишто можат да се додадат рамки, да се прават фото – колажи и слично.

Фото Nikon