Nireeka – електричен велосипед на иднината

161

bikeФото: Nireeka

Nireeka е електричен велосипед со многу напредни карактеристики како вградена скриена батерија, компатибилност со iOS и Android уредите, апликација што ги мери отчукувањата на срцето, радар за “слепи” точки, GPS навигатор, систем против кражба…

Произведен е од јаглеродни влакна што се за 33% полесни од алуминумот од којшто се произведени обичните велосипеди и е 10 пати поцврст. Тежи само 35 килограми, но има мотор со моќност од 500W. Nireeka достигнува брзина до 32 километри на час и може да помине до 80 километри со само едно полнење на батеријата.

Она што е карактеристично за брендот е неговата компатибилност со iOS и Android системите. Штом корисникот се приближи до велосипедот, мобилниот телефон автоматски се конектира со велосипедот и го отклучува. Nireeka доаѓа со држач за мобилен телефон на управувачот, што овозможува полесно движење до саканата дестинација. Со вграден USB полнач, корисникот може да ги полни своите уреди за време на возењето.

Безбедноста во сообраќајот е најважна за креаторите на овој проект. Токму за таа намена, вградени се два ултразвучни радари на велосипедот за да се избегнат автомобили и пешаци. Доколку радарот забележи возило или пешак што се приближуваат на ризично растојание, екранот свети црвено и веднаш се активира алармот.

Како неизоставен дел од електричниот велосипед е и системот против кражба во вид на уред што е програмиран да спречи неовластен пристап до него. Со користење на апликација корисникот може веднаш да го лоцира и да го врати назад.

Производот е достапен во четири бои, но може и да се избира.

Има своја кампања на платформата за финансирање Indiegogo. Досега има собрано 112.375 долари од потребните 35.000. Кампањата трае уште 23 дена.