НИС ги презема бензинските станици на OMV во БиХ

43

omvНафтена индустрија Србија (НИС) најави дека од денеска презема 28 бензински станици на OMV во Босна и Херцеговина, откако надлежната институција за заштита на конкуренцијата го одобри договорот меѓу НИС и OMV БХ.

Покрај една од најсилните мрежи на пазарот во БиХ, НИС го презема и магацинот на нафтени деривати, претставништвото во Сараево и 22 вработени во OMV БХ, стои во соопштението.

Според договорот, сите бензински станици ќе бидат во потполност ребрендирани и ќе работат под брендовите Газпром и НИС Петрол.