Нафтена индустрија Србија (НИС) најави дека во 2015 година планира да развие трговија со струја во земјите во опкружувањето. Во тек е добивање на лиценци за вршење дејност трговија со струја во подружниците на НИС надвор од Србија, со што ќе се овозможи пристап до нови пазари и ќе се прошири мрежата на партнери, се наведува во соопштението, јавува Танјуг.
НИС во 2014 година вложил преку 10 милиони евра во развој на секторот енергетика. Планот на компанијата е во 2015 да продолжи со проектите од оваа област, а меѓу клучните се производство и продажба на електрична енергија.