Нисан инвестира 130 милиони евра во нов модел

21

nisanНисан ќе инвестира 130 милиони евра во нов модел на автомобил што ќе се произведува во шпанската фабрика во близина на Барселона.

“Оваа добра вест е резултат на договорот за поттикнување на конкурентноста што го постигнавме минатата недела и веќе ги отвораме вратите за нови можности”, изјави директорот на Нисан Мотор Иберика, Франк Торес, јавува Ројтерс.

Јапонската компанија, партнер на француски Рено, планира во фабриката во Шпанија годишно да произведува 80.000 нови модели на семејни автомобили. Управата планира директно да вработи 1.000, а индиректно 3.000 работници.

Компанијата извезува 80% од автомобилите направени во Барселона.

Нисан во Шпанија вработува 4.700 луѓе во три фабрики. Компанијата претходно соопшти дека ќе престане да произведува индустриски возила и 4х4 возила во Барселона, затоа што продажбата е многу погодена од кризата во еврозоната.