Nissan има интересен концепт за мобилна канцеларија

80

Инспириран од новата реалност, производителот на автомобили Nissan осмисли и направи комбе кое во себе има  функционална канцеларија.

Nissan NV350 Office Pod концептуалното возило беше претставено на автомобилскиот саем во Токио, којшто се одржа виртуелно минатиот месец. Станува збор за концепт којшто може да остане само интересна идеја, а можеби Nissan сепак ќе одлучи да го претвори овој концепт во вистински производ и да го понуди на пазарот.

Office Pod Concept има работен стол и работна маса. Оние што сакаат приватност можат да го остават работниот простор внатре во возилото. Но, со кликнување на апликација, овој футуристички простор се извлекува од возилото за неколку секунди, а задната врата станува покрив за вашата канцеларија на отворено. Покривот на возилото е наменет и за релаксација под чадор.

Возилото е модифицирана верзија на караванот Nissan NV350, кој се појави на пазарот во 2012 година и во моментов се продава од 22.000 до 38.000 долари во Јапонија.
“Во текот на изминатата година, пандемијата на коронавирусот значително го забрза трендот на работа од дома, а многу работници кои се навикнати да работат од канцеларија сега имаат проблеми со работата од дома. Nissan сака да ги реши овие прашања давајќи им на тие работници поголем избор за тоа каде и како ќе работат“, објасни производителот на автомобили.

Фото: YouTube Printscreen