Nissan инвестира 1,4 милијарди долари во фабрика за батерии и е-возила

22

Nissan  објави дека ќе инвестира 1,4 милијарди долари со својот кинески партнер, Envision ASEC, во изградба на фабрика за батерии за електрични возила во Сандерленд, на северот од Англија, и во производство на нов модел на електричен автомобил.

Инвестицијата на Nissan ќе создаде 6.200 работни места во фабриката во северна Англија и во ланецот на британски добавувачи.

“Најавата на Nissan дека ќе гради фабрика за нова генерација на целосно електрични возила во Сандерленд е одличен израз на доверба во Велика Британија и нашиот високо квалификуван персонал “, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

Nissan ќе потроши до 423 милиони фунти за производство на сосема нова генерација на електрични кросовер возила во фабриката каде што веќе ги произведува електричните модели Leaf и кросоверот SUV Qashqai.

Фото: Pixabay