Nissan отпушта 12.500 работници во светски рамки

62
Вториот најголем производител на автомобили од Јапонија, Nissan соопшти дека речиси не е остварен никаков профит во првиот квартал од фискалната година. Оперативната добивка падна за 99% споредено со истиот квартал минатата година, пишува CNN.
Приходите, пак, паднаа за речиси 13% во споредба со минатогодишните. Согласно случувањата, од компанијата изјавија дека ќе бидат отпуштени 12.500 вработени на глобално ниво. Тоа е повеќе од двојно, од првичната најава за отпуштања во мај.
Производителот веќе ги затвори производствените линии во Индонезија и Шпанија и го губи уделот на пазарот во САД и Европа, за што придонесе и апсењето на поранешниот претседател на Nissan, Карлос Гонс.
Фото: Pixabay