Nissan претстави седиште што детектира дехидратација кај возачите

108

Created by driving enthusiasts for driving enthusiasts, the dramatically styled 2016 Nissan Maxima looks like nothing else on the road today ñ and drives like nothing in the segment. The all-new Nissan flagship not only resets Maximaís iconic ì4-Door Sports Carî positioning, it sets a new standard for style, performance and technology in the large sedan segment.

Фото: Nissan

Компанијата Nissan претстави прототип на седиште коешто може да детектира пот, предупреди на дехидратација и ќе може да помогне во спречување на сообраќајни несреќи.

Технологијата наречена Soak ја менува бојата на седиштата ако потта содржи многу сол што укажува на дехидратација. Претходни истражувања на Европскиот институт за хидратација и Универзитетот Лафборо покажале дека дехидрираните возачи биле подложени на грешки како и оние кои пиеле алкохол.

Материјалот осетлив на пот го разви и произведе холандската компанија Droog, а со него го обложиле и воланот којшто заедно со седиштата во случај на дехидратација ја менува бојата од сина во жолта, пишува BBC.

Засега нема планови за производство на Soak седишта.