Nissan развива нова технологија за боја за пониски температури

136

Технологијата на Nissan користи електромагнетни бранови, а првите резултати покажуваат пад и на површинските и на внатрешните температури кај возилата

Светот на автомобилите оди незапирливо напред кога станува збор за технологијата која ја поседуваат и која напредува од година во година. Но, не станува збор само за оние гаџети и еден куп екрани кои производиелите ги вградуваат во новите модели. Имено, Nissan работи на нов тип на автомобилска боја за екстериерот која користи електромагнетни бранови за да ги одржува поладни и површината и внатрешноста. Сè уште е во фаза на тестирање, но прелиминарните резултати изгледаат навистина ветувачки.

Производителот на автомобили работи со Radi-Cool, компанија која е специјализирана за производи за ладење. Ваквата радијативна боја не е нов концепт – таа се користи на згради со години за да помогне во одржувањето на луѓето и работите поладни внатре. Но, како што објаснува Nissan, тие апликации бараат многу густа боја која нема иста издржливост или сјај како автомобилската завршница. Меѓу другото, се нанесува со валјак.

Оваа нова формула е дизајнирана за употреба во пиштоли за прскање и работи со проѕирни горни премази. Сепак, тоа е густа боја – шест пати подебела од стандардната автомобилска завршница. Во смесата има две микроструктурни компоненти кои придонесуваат за нејзината способност за ладење. Првата е дизајнирана да ги рефлектира блиските инфрацрвени зраци, вообичаен начин да се задржи пониска температура. Втората компонента е местото каде што се случува научната магија. Создава електромагнетни бранови кои не ги рефлектираат сончевите зраци, но всушност им се спротивставуваат. Тоа помага да се спречи пренос на топлина на други делови од автомобилот.

„Мојот сон е да создадам поладни автомобили без да трошам енергија“, објасни др. Сусуму Миура, постар менаџер на овој проект. „Ова е особено важно во ерата на ЕВ, каде што оптоварувањето од климатизацијата во лето може да има значително влијание врз состојбата на полнење“, рече тој.

Nissan не ги објаснува сложеноста на бојата или како се создаваат електромагнетните бранови, но резултатите се прилично убедливи. Споредбите покажуваат пад на температурата за 12 степени Целзиусови на автомобилите што носат специјална завршница. Тоа е мерење на надворешната површина, но и внатрешноста беше поладна за 5 степени Целзиусови.

Развојот е во тек, а меѓу другото, Nissan би сакал да ја направи бојата уште потенка за полесни нанесувања. Ако навистина заврши во производство, најверојатно ќе биде резервиран за возила со специјална нарачка.

Преземено од Avtoplus.mk