Откако јапонската компанија Nissan спроведе истражување, во коешто 90% од испитаниците навеле дека сакаат автомобили со функции што ќе го олеснат животот на сопствениците на кучиња, го создаде уникатниот модел Nissan X – Trail 4Dogs.
Во центарот на овој автомобил е багажникот за кучиња со волумен од 445 литри, којшто е одделен со решетка од останатата кабина. За влез во багажникот има рампа, а по шетањето домашниот миленик може да искапе со туш што е посебно дизајниран за кучиња. Во багажникот има и фен, кревет и сад за вода што не може да се истури.
Возачот и сопатникот на предното седиште може да внимават на нивните миленици преку поставените камери.
Засега X – Trail 4Dogs е само концепт.