Ниту едно од децата нема да има целосна контрола врз холдинг компанијата на Берлускони

115

Најголемиот дел од медиумската компанија „Фининвест“, која е компанија ќерка на холдинг компанијата „Фингруппо холдинг С.п.А.“, им припаѓа на децата на неодамна починатиот италијански тајкун и поранешен премиер Силвио Берлускони.

Имено, Пјер и Марина имаат мнозински удел во групата, но според Раи њуз, ниту еден од наследниците на оваа империја нема самостојно да управува со неа.

Последните желби на Силвио Берлускони беа изнесени пред двајца сведоци, адвокатите Лука Фосати и Карло Римини, а неговите две најстари деца од првиот заеднички брак ќе имаат 53 отсто од уделот во групата, со еднакви квоти.

Сепак, „Фининвест“, која ја контролира и телевизиската групација и „Мондадори“, најголемата издавачка куќа во Италија, а има и значителен удел од 30% во банката Медиоланум, останува цврсто во рацете на семејството.

„Нотарот што го прочита тестаментот ќе ги изврши законските обврски во следните неколку часа“, се наведува во белешката напишана од Раи, додавајќи дека ниту едно од децата на Силвио Берлуксони – Марина, Пјер Силвио, Барбара, Елеонора и Луиџи – нема да има индиректни и ексклузивна контрола над „Фининвест СпА“.

Утрово, пред отворањето на берзите, се очекува соопштение на „Consob“, националното тело задолжено за финансискиот пазар во Италија, кое ќе даде индиции за идните структури на медиумската империја на Силвио Берлускони.

Со други зборови, останува да се види што ќе се случи по прераспределбата на 61 отсто од акциите на компанијата.

Поточно, „Медиасет“, компанија ќерка на „Фининвест“, се наоѓа на плоштадот Пјаца Афари во Милано, а вреди 1,8 милијарди евра. Во првите шест месеци од годинава акциите забележаа раст од 41 отсто.

Раи ја споменува и партнерката на Силвио Берлускони, политичарката Марта Фашина, која добива наследство од 100 милиони евра.

За доброто што ги сакав и за тоа што ме сакаа мене“, гласи реченицата упатена до децата на Силвио, која се наоѓа во тестаментот. „Ви благодарам, многу љубов до сите, вашиот татко“.

Наследството од 100 милиони евра оди и кај неговиот брат Паоло, а кога Силвио го напишал документот бил на пат кон Сан Рафаеле. „Почитувани Марина, Пјер Силвио, Барбара и Елеонора, одам во Сан Рафаеле, ако не се вратам, имајте го на ум следново“, се додава.

Инаку, одлуката за „Фининвест“ и неговиот имот е донесена уште во 2006 година. На 2 октомври Силвио Берлускони рачно го напиша тестаментот.