Нивната економија е меѓу најбрзо растечките во светот – приходите по глава на жител се зголемија тројно

38

Економијата на Бангладеш е меѓу најбрзо растечките во светот. Според Светска банка (СБ), во оваа земја со 163 милиони жители, осум милиони од нив излегле од сиромаштија од 2010 година.
Во последните 10 години, приходите по глава на жител се зголемија тројно. Светскиот економски форум издвои четири причини што тие ги сметаат за клучни за забрзаниот економски развој на Бангладеш.

Како прва причина, тие наведоа дека има текстилна индустрија која е втора по големина во светот. Кинеската текстилна индустрија е најголема во светот. Извозот на текстилни производи од Бангладеш расте за 16 % на годишно ниво. Втора причина е што има голема и млада работна сила. Бангладеш е осма најнаселена земја во светот. Половина од вкупното население има помалку од 25 години. Неговата млада работна сила лесно се прилагодува на новите технологии.

Третата причина зошто нејзината економија рапидно се развива е тоа што има растечка дигитална моќ. Имено, оваа земја има 600.000 работници кои работат како фриленсери во ИТ индустријата. Тоа е најголемиот број ИТ фриленсери во светот. Ова ја олеснува дигитализацијата во различни општествени сфери.

Четвртата причина е тоа што работи напорно за диверзификација на економијата. Ова вклучува изградба на голем технолошки парк во Дака и план за изградба на 100 специјални економски зони со кои сакаат да привлечат атрактивни инвестиции.

Фото: Pixabay