Нивните куќи “патуваат“ по светот, бизнисот им цвета, а единствен проблем е недостаток на работници

118

Одамна е јасно дека пандемијата донесе бројни промени, а една од нив се однесува на “бегството од градот“, поточно на потребата луѓето да ги заменат становите со куќи. Овој тренд го забележува и компанија од Биелина (БиХ), чиј бизнис цвета за време на најголемата светска криза на модерното време.

Тие се занимаваат со производство на монтажни куќи, а во 2020 година успеаја значително да ја зголемат продажбата.

Покрај тоа, дрвната индустрија уште еднаш се покажа како “бисер“ на Босна и Херцеговина, така што Bhrt објави дека секторот бележи подобри резултати од 2019 година. Дури 50% повеќе монтажни куќи “заминаа“ кон Европа и светот во 2020 година отколку во 2019 година.

“Продадовме повеќе отколку што можевме да замислиме. Минатата година нашиот центар имаше зголемување на производството од 53 до 54 %, што е неверојатно заради условите во кои работевме. Сега се отвори пазарот на Австрија и Словенија, се отвори и Хрватска, како и Холандија“, изјави Миленко Стевановиќ, сопственик на компанијата Steko centar.

Во план е една куќа да “замине“ во САД за прв пат на почетокот на март 2021 година, а компанијата од БиХ дури успеа да ангажира нови работници, среде корона кризата, кога многу компании деле откази.

Според податоците на надворешно-трговската комора на БиХ, вредноста на извозот на производи од дрвната индустрија изнесува околу 500 милиони евра. Пласманот на производите е сè уште поголем од увозот, а извозот расте од месец во месец.

Минатата година беше дефинитивно плодна за преработувачите на дрво, но се соочуваат со недостиг на работна сила.

Фото: Pixabay