Њујорчани ги рециклираат природните новогодишни елки

102

Завршија новогодишни празници, па полека сите украси треба да се вратат на свое место и да чекаат до следната сезона. Голем е бројот на жители на Њујорк кои во декорацијата на домовите користат природни новогодишни елки, па сега комуналните служби, по празниците спроведуваат акција за нивно собирање.

Природните новогодишни елки ќе бидат рециклирани и вратени во природата во вид на компост и ѓубриво за новите засадени стебла.

Акцијата за собирање на новогодишните елки започна на втори, а ќе заврши на 15-ти овој месец. Во исто време, жителите на Њујорк можат да ја дадат природната елка на рециклирање, а компостот да си го однесат дома и да го искористат како ѓубриво за растенијата на терасите или во бавчите.

Минатата година биле рециклирани околу 28.000 природни елки.

Фото: Pexels