Почетна Новости Свет Њујорк дозволи масовен дочек на Нова година на Тајмс сквер, но само...

Њујорк дозволи масовен дочек на Нова година на Тајмс сквер, но само за вакцинираните

36

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио најави дека Новата година повторно ќе се слави на плоштадот Тајмс сквер, по откажувањето лани поради пандемијата на коронавирус.

„Стотици илјади луѓе ќе дојдат да слават. Конечно ќе можеме повторно да се најдеме еден со друг и тоа ќе биде фантастично!“, изјави градоначалникот.

Сепак, тој нагласи дека за влез на прославата ќе биде потребен доказ за вакцинација, а единствен исклучок ќе бидат децата до пет години и лицата коишто имаат медицинска причина за непримена вакцина, а кои ќе мора да имаат негативен тест не постар од 72 часа.

Традицијата лани се одржа на речиси празен плоштад, само за медиумите и за здравствените работници и нивните семејства на кои им беше дозволено да присуствуваат поради нивната улога во корона-кризата.