Њујорк ќе го добие првиот подземен парк

19

3054274-slide-s-1-the-lowline-new-yorks-first-underground-parkЊујорк ќе стане дом на првиот подземен парк во светот, пишува Upi. Проектот го носи името Lowline, а ќе се состои од зелени површини коишто ќе се наоѓаат под напуштено метро во Менхетен.

Планот е да се создаде јавен простор со природна вегетација што треба да се постигне преку специјални хај -тек цевки од коишто паркот ќе добива сончева светлина. Замислата е на Џејмс Ремзи архитект, дизајнер и поранешен инженер во NASA, а за прв пат истата ја споменал во 2008 година. Осум години подоцна проектот официјално добива зелено светло за изградба.

Освен зеленилото, паркот ќе содржи и едукативни изложби, а за комплетирање на проектот ќе бидат потребни 60 милиони долари.

Клучниот елемент е спроведувањето на светлина под земја, па за да докажат дека тоа е изводливо од октомври 2015 година беше отворена Lowline Lab, лабораторија со сончеви колектори на кровот на еден напуштен пазар. Местото снабдуваше со светлина 3.000 растенија, како ананас и магдонос. До сега лабораторијата ја имаат посетено над 70.000 посетители што покажува дека паркот може да биде една голема туристичка атракција во Њујорк.

Изградбата се очекува да започне во 2018 година.

1low-linelowline_jun15_2015