Њујорк воведува дигитална пропусница за вакцинирани

32

Во Њујорк е воведена дигитална пропусница за сите вакцинирани граѓани со цел повторно да се обезбеди безбедно одржување на концерти, натпревари и други манифестации со присуство на публиката.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Комо најави воведување на дигитални пропусници, направени во соработка со компанијата IMB, а коишто се добиваат бесплатно и на доброволна основа и прва од таков вид во САД.

“Прашањето на јавното здравство и економијата од почетокот беше погрешно поставено бидејќи одговорот мора да биде и за едното и за другото“, изјавил Комо.

Фото: Pexels