НЛБ банка ги намали провизиите за Интергрупациските плаќања за правни лица

18

НЛБ Банка ги намали провизиите за правни лица за меѓународни девизни плаќања во рамки на банките членки на НЛБ Групацијата (Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Република Српска), стои во соопштението на банката.

Провизијата за Лоро и Ностро дознаки изнесува 5 ЕУР (SHA/BEN опција) додека провизијата за Ностро дознаки со OUR опција е намалена и изнесува 10 ЕУР.

Овие провизии се со важност до 30.06.2019 година и се однесуваат за електронски плаќања извршени помеѓу банките во рамки на НЛБ Групацијата, без разлика на износот на трансакцијата и без SWIFT трошоци.

За повеќе информации корисниците можат да се обратат во најблиската експозитура на Банката, на контакт телефон 02 / 15 – 600 или на следниот линк.