НЛБ Банка избрана за Национален шампион на Македонија на European Business Awards

27

eba-nlb

На свечената церемонија на доделувањето на Европските бизнис награди (European Business Awards), којашто се одржа на први декември во Загреб, НЛБ Банка АД Скопје е избрана за Национален шампион на Македонија за 2016/2017 година.

Наградите, коишто се одржуваат десетта година по ред, опфатија рекордни 33.000 бизниси од 34 европски земји, поддржани од бизнис лидерите, академските и политичките претставници од цела Европа. Европските бизнис награди се најголемото европско натпреварување воспоставено со цел да се наградат извонредноста и најдобрите практики во Европската бизнис заедница, а со тоа и да се поддржи развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница низ Европа. Генерален покровител на наградите е RSM Global, шестата најголема мрежа на независни ревизори, даночници и консултантски фирми во светот.

“Им честитам на НЛБ Банка АД Скопје, за изборот за Национален шампион во Македонија. Тие имаат централно значење во успехот на силната европска бизнис заедница и ги покажуваат клучните принципи кои ги бараме од аспект на иновација, етика и успех”, изјави извршниот директор на European Business Awards, Адриан Трип.

НЛБ Банка АД Скопје е една најуспешните банки и водечки деловни институции во Република Македонија, за што банката континуирано добива признанија и награди дома и на меѓународен план. НЛБ банка АД Скопје е осумкратен носител на наградата Банка на годината во Македонија од финансискиот магазин The Banker, а оваа година по втор пат едно по друго ја добива и наградата Национален шампион на Македонија од European Business Awards.