
Согласно одредбите од Глава 6 на Правилата за котација, од НЛБ Банка АД Скопје информираа дека Народната банка на Република Северна Македонија на 9 октомври 2026 година издаде решенија со кои се дава претходна согласност за повторно именување на Кирил Бухов и Драгиша Тадиќ за членови на Управниот одбор на банката.
Со овие решенија, двајцата членови добиваат нов мандат во траење од 4 (четири) години, и тоа:
Кирил Бухов – со нов мандат кој почнува да се смета од 04.01.2027 година.
Драгиша Тадиќ – со нов мандат кој почнува да се смета од 05.01.2027 година.














