НЛБ Банка предупредува: Непознати лица испраќаат лажни мејлови

59

Од НЛБ банка информираат дека во текот на денот се испратени лажни е-маил пораки од страна на непознат испраќач, кој фалсификувајќи го идентитетот на вработена во НЛБ Банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече доверливи податоци од целната група до која е испратен овој e- маил притоа овие лажни пораки содржат злонамерни малициозни датотеки како прилог и содржат hyperlink кој насочува кон малициозен домеин.

Одредени физички и правни лица (клиенти и соработници на Банката) добиваат пораки со сомнителна содржина, со предмет на порака (Subject): Трансфер на пари SV23-11-2020 и малициозен прилог со наслов: nlbbank_6487583994877366736288_dokumenti2020.ar)

Банката се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе ја добијат електронската порака ДА НЕ ЈА ОТВАРААТ ПРИЛОГ – ДАТОТЕКАТА со цел заштита од злоупотреба на податоците. Доколку ваквите пораки заедно со прилозите биле веќе отворени, потребно е да се обратите за помош до ИТ професионалец.

Сите известувања испратени од НЛБ Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.

Во меѓувреме, Банката ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.