НЛБ Банка склучи договор за субординиран заем со Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана

105

НЛБ Банка АД Скопје на 20-ти овој месец склучи договор за субординиран заем со Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана во висина од девет милиони евра на период од 10 години.

Субординираниот заем се квалификува како дополнителен Tier II капитал за банката и придонесува за зајакнување на капиталната позиција на банката.

НЛБ Банка АД Скопје се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Македонија, со остварена добивка од 34,6 милиони евра во 2017 година и добивка од 30,2 милиони евра за првите девет месеци од 2018 година. Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана е доминантен сопственик на НЛБ Банка АД Скопје со 86,97% учество во вкупниот број на акции на банката.