НЛБ Банка со финансиско советување за осигурителни продукти и пензиско осигурување пред своите експозитури

34

НЛБ Банка во соработка со своите повеќегодишни партнери Сава осигурување, Кроациа осигурување Живот и Сава пензиско друштво организира караван за финансиско советување за небанкарски продукти пред експозитурите на Банката, во период од 17-ти мај до 11-ти јуни.

Караванот има за цел да овозможи поголема информираност, стручно советување и едукација на клиентите за осигурителните продукти и услуги од двата сегменти на животното и неживотното осигурување, а воедно и подигнување на свесноста кај клиентите за значењето на капиталното финансирано пензиско осигурување и придобивките од доброволниот пензиски фонд.

Преку различни промотивни и едукативни активности кои ќе се одржуваат пред повеќе експозитури на НЛБ Банка во Скопје и низ останатите градови во државата, клиентите ќе можат да добијат целосни информации и одредени промотивни поволности за Доброволното приватно здравствено осигурување од Сава осигурување и останатите осигурителни полиси од сегментот на неживотното осигурување. Исто така, ќе можат да се информираат и советуваат за продуктите на животното осигурување од Кроациа осигурување Живот, како што се Индивидуалното осигурување на живот, Коко детско штедното осигурување, Ризико осигурување на живот (за кредитокорисници) и други. Дополнително, со свои промотивни тимови ќе бидат присутни и Сава пензиско друштво каде членовите и клиентите ќе можат да се информираат за сите прашања во делот на капиталното финансирано пензиско осигурување, да добијат понуди за Доброволното пензиско осигурување прилагодени според нивни можности и преференции и да се информираат за дигиталните алатки на Сава пензиско друштво.

За местото и времето на одржување на промотивните активности на Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти, клиентите ќе можат да се информираат преку социјалните мрежи на НЛБ Банка и друштвата за осигурување.

НЛБ Банка како водечка банкарска институција овозможува сеопфатна понуда за клиентите со која тие добиваат банкарски и осигурителни продукти на едно место. Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти во организација на Банката ќе придонесе кон поголема финансиска писменост и едукација на клиентите за полесно носење на финансиски здрави одлуки и поквалитетно и посигурно живеење.