НЛБ Банка со поддршка за најпогодените бизниси од Covid-19 кризата 

53

НЛБ Банка во периодот од 1.9.2020 до 30.9.2020 година спроведува промотивна кампања за НЛБ Visa картичките за физички лица. Преку оваа кампања, банката, од една страна обезбедува низа поволности за своите клиенти – корисници на НЛБ Visa картичките, а од друга страна овозможува помош за  бизнисите кои се најпогодени од кризата и на кои во овој момент им е потребна поддршка.

Во рамки на кампањата, првите 1.000 клиенти кои со НЛБ Visa картичките ќе направат 10 безготовински трансакции (на минимален износ од 300 денари по трансакција), добиваат вредносна картичка од 3.000 денари.

Воедно, по повод 35-годишниот јубилеј на Банката, НЛБ Станбениот кредит е со рок на отплата до 35 години, а НЛБ Потрошувачкиот кредит е со фиксна каматна стапка за првите 35 месеци. Со подолгиот период на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им се овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, со подолгиот период на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

Средствата од картичката клиентите ќе може да ги искористат во период до 30.11.2020 година на продажни места од најпогодените дејности и тоа: угостителство, салони за убавина, фризерски салони, стоматолошки ординации, дерматолошки ординации, туристички агенции, продавници за спортска опрема, облека, накит итн. На овој начин, преку одобрување на дополнителни финансиски средства и нивно искористување во загрозените дејности, Банката обезбедува поддршка и придонесува за заживување на бизнисите.

“Во НЛБ Банка секогаш тргнуваме од потребите и барањата на нашите клиенти. Ја наградуваме нивната лојалност и пружаме поддршка и помош на оние на кои им е најпотребно. Веруваме дека со оваа кампања ќе успееме да ги поттикнеме клиентите да ја искористат можноста да добијат вредносна картичка од 3.000 денари и преку трошење на овие средства да им помогнат на најпогодените дејности. Со ова, не само што ќе ги наградиме нашите клиенти за нивната лојалност, туку и ќе помогнеме на македонското претприемништво. Затоа ве повикуваме да ги користите НЛБ Visa картичките и да покажеме дека сме одговорни, дека се грижиме и дека во ова време на предизвици заедно можеме повеќе!“, велат од банката.