НЛБ Банка со посебни поволности за кредитите за физички лица

69

НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица во период од 1.03.2021 до 31.03.2021 година. Во промотивниот период сите кредити за физички лица ќе се нудат без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот.

Во рамките на промотивната понуда, клиентите ќе можат да аплицираат за некој од НЛБ Потрошувачките кредити кои се со фиксни каматни стапки за првите 36 месеци и дополнително, да добијат НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка. НЛБ Mastercard haPPy кредитната картичка е единствена картичка која овозможува поврат на средства за секоја безготовинска трансакција до 10%.

Исто така, за сите клиенти кои имаат потреба од решавање на своето станбено прашање, на располагање им стојат НЛБ Станбените кредити кои се со рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка до 10 години. Како дополнителна поволност за станбените кредити е можноста за користење на бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун Македонија.

За кредитните продукти на НЛБ Банка  и за промотивната понуда можете да добиете повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на контакт центарот на телефон: 02/15 600.