НЛБ Банка со промени кај трансакциските сметки и депозитите по видување

39

Согласно движењата на пазарот во банкарскиот сектор, НЛБ Банка ја укина каматата на позитивно салдо на трансакциските сметки на физичките и правните лица. Воедно, се укинува и каматата на денарските и девизните депозити по видување кај физичките и правните лица.

Исто така, се воведува месечен надомест од 60 денари за водење на девизна трансакциска сметка на правни лица – резиденти.

Измените се со важност од 01.12.2018 година и се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за трансакциски сметки и депозити.