НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за Overdraft – дозволено пречекорување на сметка за правни лица, соопштуваат од банката.
Сите апликации за Overdraft – дозволено пречекорување на сметка за правни лица примени во период од 15.03.2017 до 15.04.2017 година се без провизија за одобрување за првата година на користење.
Дозволеното пречекорување, како што наведуваат од банката, овозможува одржување на ликвидноста и задоволување на потребата од дополнителни средства за бизнисите во даден момент.