НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица и во текот на месец јули

24

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за сите кредити за физички лица во период до 31.07.2021 година. Во промотивниот период сите кредити за физички лица ќе се нудат без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот.

Во рамките на кампањата клиентите ќе имаат можност за време на летото да ги искористат промотивните услови за кредитите и да ги реализираат своите планови и желби – да одат на патување, да реновираат или пак да купат нов стан и куќа.

Во рамките на промотивната понуда, клиентите ќе можат да аплицираат за некој од НЛБ Потрошувачките кредити кои се со фиксни каматни стапки за првите 36 месеци и дополнително, да добијат НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка која овозможува поврат на средства за секоја безготовинска трансакција до 10%.

Доколку клиентите одлучат да зачекорат во нова станбена приказна и аплицираат за НЛБ Станбените кредити, можат да ја искористат можноста да аплицираат за кредити со подолг рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка до 10 години. Како дополнителна поволност за станбените кредити Банката нуди бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун Македонија.