НЛБ Банка со промотивна кампања за сите кредити за физички лица

13

НЛБ Банка започна промотивна кампања за сите кредити за физички лица кои ќе аплицираат до 31.10.2020 година. Во рамки на кампањата кредитите ќе им бидат достапни на клиентите со поповолни услови, без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

“Промотивната понуда на НЛБ Банка е одлична можност доколку сакате оваа есен да го реновирате домот или се одлучите да го решите најважното животно прашање, а тоа е купувањето на сопствен дом. За вакви големи чекори свесни сме дека е потребен сигурен и доверлив партнер, па затоа наша задача е да им излеземе во пресрет на нашите клиенти и да им понудиме поволни услови и поддршка која ќе ги охрабри да ги преземат овие битни чекори во животот“, велат од НЛБ.

Банката најави дека сите кредитни продукти за физички лица ќе се одобруваат без манипулативни трошоци, а за сите апликации за станбени и хипотекарни кредити примени во рамките на промотивната кампања, нема да се наплатуваат трошоци за проценка.

Воедно по повод 35 годишниот јубилеј на банката, НЛБ Станбениот кредит е со рок на отплата до 35 години, а НЛБ Потрошувачкиот кредит е со фиксна каматна стапка за првите 35 месеци. Со подолгиот период на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им се овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, со подолгиот период на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

Повеќе информации за кредитите клиентите може да добијат на веб страницата www.nlb.mk, на социјалните мрежи на банката, на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на банката.