НЛБ Банка со промотивна кампања за Виолетови потрошувачки кредити за физички лица

32

nlb-banka

НЛБ Банка во период од први до 28-ми февруари спроведува промотивна кампања за НЛБ Виолетови потрошувачки кредити за физички лица, соопштуваат од банката.

Во рамки на оваа кампања, Ризико виолетовиот потрошувачки кредит на банката ќе биде со фиксна каматна стапка од 6% за првите две години и 7,6% за остатокот од периодот, без манипулативни трошоци. Промотивниот виолетов потрошувачки кредит, банката ќе го одобрува со фиксна каматна стапка од 6% во првите 13 месеци и 7,6% променлива за остатокот од периодот, со 50% пониски манипулативни трошоци.