НЛБ Банка со промотивна кампања за Visa Business картички за правни лица

21

Фото: НЛБ

Почнувајќи денес, па се до 15 Јуни ќе трае промотивиот период за аплицирање за Visa Business картичките на НЛБ Банка, соопштуваат од банката. Картичката е наменета за правни лица и сите апликанти од промотивниот период добиваат бесплатна чланарина за користење на апликациите за Visa Business картичките во првата година.

Доколку направат 10 или повеќе трансакции со картичката во промотивниот период добиваат и бесплатна чланарина на основната картичка за следната година и слатко изненадување.

Visa Business е револвинг картичка којашто гласи на името на правното лице, но може да ја користат повеќе вработени за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања, како и подигање на готовина  во земјава или странство.

Повеќе детали за начините на плаќање и користење на картичката има на следниов линк.