НЛБ Банка со виртуелна прослава за 35-годишниот јубилеј

127

НЛБ Банка организира виртуелна прослава по повод 35-годишниот јубилеј.

“Во услови на пандемија, кога сите се грижиме за јавното здравје, нашиот јубилеј го одбележуваме на малку поинаков начин, преку организација на концерт со нашите реномирани артисти: Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Нокаут и Ареа. Иако разделени, сепак можеме да прославиме заедно“, порачуваат од НЛБ Банка.

Концертот ќе се емитува во недела, 13-ти декември во 19:30 часот премиерно на Канал 5 Телевизија, како и на YouTube и Facebook каналот на банката.