НЛБ Банка утре ќе ги исплати пензиите

113

Согласно моменталните случувања со пандемијата на коронавирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги исплати пензиите на 25-ти март (среда), соопштуваат од банката.

Во насока на поголема заштита, од 25-ти до 27-ми март, пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 28-ми март пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на банката. Со оглед на тоа дека заради моменталната кризна ситуација, експозитурите на банката имаат изменето работно време, оттаму препорачуваат пред посета на некоја експозитура да се провери работното време на истата на веб страницата на Банката: www.nlb.mk.

Тргнувајќи од мерките за заштита на пензионерите, од банката апелираат да се намалат посетите во експозитурите, при што на клиентите на располагање им стои широка мрежа на банкомати со 24-часовна достапност. Исто така, со цел намалување на користењето на готовина, средствата на клиентите им се достапни за вршење на безготовински трансакции со платежните картички или преку електронско и мобилно банкарство.

Фото: Facebook