НЛБ Банка започнa со исплата на средствата од четвртиот пакет мерки за финансиска поддршка

136

Со оваа иницијатива се предвидува исплата на поединечна финансиска поддршка во износ од 6.000 денари и се однесува на следните категории граѓани: граѓани со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 денари пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Клиентите можат да проверат дали се корисници на финансиска поддршка и во која банка се распределени, со внесување на својот единствен матичен број на граѓанинот преку следниот линк https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/index.

Исплатата на финансиската поддршка во НЛБ Банка ќе се реализира на постоечките трансакциски сметки на клиентите. При тоа, со цел да ги користат средствата од финансиската помош, клиентите кои ги немаат ажурирано своите лични податоци, потребно е да ги ажурираат истите во најкус можен рок.

Ажурирањето на личните податоци клиентите можат да го направат онлајн преку веб формата достапна на линкот https://bit.ly/34vsQQS или во најблиската експозитура на Банката.

Воедно, НЛБ Банка ги повикува клиентите кои немаат отворено трансакциска сметка, а се распределени за исплата во Банката, истата да ја отворат во најкус рок во најблиската експозитура на Банката.

За клиентите кои имаат блокирани сметки, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската поддршка. Со цел комплетирање на документацијата за оваа сметка, клиентите задолжително е потребно да се обратат до најблиската експозитура.

Со цел искористување на средствата од финансиската поддршка, клиентите потребно е да го запазат рокот односно најдоцна до 25.12.2020 година да извршат редовно ажурирање на податоците или да отворат трансакциска сметка во НЛБ Банка, а средствата од финансиската помош ќе може да се искористат и по 25.12.2020 година.

За сите детали поврзани околу исплатата, Банката ќе достави СМС пораки до клиентите распределени за исплата на финансиската помош, согласно расположливите контакт податоци.

За сите информации во врска со домашната платежна картичка издадена од НЛБ Банка, засегнатите граѓани можат да ја посетат официјалната веб страница www.nlb.mk или директно преку социјалните мрежи.