НЛБ Галерија ги отвора вратите за младите фотографи од Creative Hub

38

Изложба на црно бели фотографии во НЛБ Галерија на студентите од Академијата за графички дизајн и адвертајзинг на Creative Hub, ќе биде одржана утревечер со почеток од 19 часот.

Ова е прва соработка на центарот за неформално образование, којшто оваа година се најде на листата на Forbes, Creative Hub, и НЛБ Банка којшто го подржува настанот и го отстапи просторот во НЛБ Галеријата за да се реализира идејата.

“За нашите студенти навистина претставува престиж да ги изложат своите фотографии во НЛБ Галерија. Благодарни сме на НЛБ Банка што ја препозна и ја поддржа нашата креативна идеја и им даде шанса на младите да ги претстават своите фотографии“, изјави Бојан Коскаров од Creative Hub.

На изложбата, којашто ќе се одржи во просторот НЛБ Галерија на НЛБ Банка, свои фотографии ќе претстават Сара Цветковска, Драган Николовски, Александра Јаневска, Александра Арсовска, Иван Костевски, Марија Попова, Матеј Мојсовски, Софија Друмчекова, Кристијан Малиновски и Ивана Дракулевска.

Настанот е отворен за јавноста и сите љубители на фотографија се поканети да присуствуваат.

Посетителите ќе имаат ексклузивна можност да ја проследат изложбата единствено утре, на 26 ноември.