НЛБ ја затвора филијалата во Италија

19

nlbСловенечката најголема банка Нова љубљанска банка (НЛБ) соопшти дека ја затвора филијалата во Трст кон средината на 2015 година, како дел од нацрт планот за реструктуирање поднесен до Европската комисија.

“Во филијалата во Трст обемот на работење е во постојан пад од 2007 година. Од 2010 година работи со загуба, а од 2013 дури и со негативен резултат. Процесот е постепен и координиран и се очекува да биде завршен до средината на 2015 година”, стои во соопштението од банката, пренесува Финанце.

На почетокот на овој месец, НЛБ најави дека во април ќе затвори 22 филијали и преку 70 банкомати во Словенија, поради реорганизација и оптимизација на работењето.

Минатата година банката забележа загуба од околу 1,5 милијарди евра.