Како потврда на долгогодишното успешно работење, првата македонска лизинг компанија NLB Лизинг минатата недела се закити со престижната награда за најдобра лизинг компанија за 2013 година на нашиот пазар, која ја доделуваат издавачите на Acquisition International Magazine од Велика Британија.
Acquisition International е месечен магазин публикуван од издавачката куќа AI Global Media Ltd, кој ги следи вестите од светот на финансиите, инвестициите, осигурувањето и брокерството.
Награда за Финансии се доделува за исклучителни достигнувања на поединци и компании во рамките на финансискиот сектор, опфаќајќи сè, од осигурителни брокери и специјалисти за ИТ услуги до советници за теми како движењето на акциите до обновливите извори на енергија. АИ наградите за финансии го идентификуваат и го наградуваат успехот, иновациите и етиката низ меѓународните бизнис заедници. Наградите се доделуваат само врз основа на заслугите и се доделуваат за истакнување на оние кои се најзаслужни за извонредна работа во текот на последните 12 месеци.
“Добивањето на ова признание претставува вистинска чест за нашата компанија. Со неа се потврдува нашата успешна долгогодишна работа на македонскиот пазар. Таа не обврзува и понатаму и покрај сложеноста на пазарот и тешкотиите со кои сме соочени, да продолжиме да работиме со истото темпо во корист на нашите клиенти”.
Победниците се гласаа по три фактори: Првиот фактор е бројот на добиени гласови од страна на 53.000 претлатници на Acquisition International Magazine заедно со 55.000 професионалци за финансии. Вториот фактор е интерното истражување кое го спроведува самиот магазин. Третиот и последен фактор е барање на дополнителни документи од номинираните со кои сметаат дека би ја зацврстиле својата номинација.
Годинава беа доделени 600 награди на индивидуалци и компании во финансискиот сектор од 60 држави.