НЛБ на акционерите од Комерцијална банка им нуди 28 евра по акција

187

Словенечка НЛБ објави понуда за преземање на преостанатите обични акции на белградската Комерцијална банка (KMBN) и целата емисија на приоритетни акции на истиот издавач (KMBNPB), објави Централниот депозитар за хартии од вредност.

НЛБ им нуди на сопствениците на обични акции цена од 3.315,47 динари (28 евра) по акција, што е истовремено и цената по која овој инвеститор се стекна со контролен удел во државата. НЛБ има намера да купи 2,82 милиони обични акции на банката, што е 16,77% од вкупната сума.

Истовремено, НЛБ им понуди на сопствениците на приоритетни акции цена од 934,72 динари (7,92 евра) по акција.

НЛБ има намера да купи 100% од оваа емисија, со оглед на тоа што сите акции се во рацете на малцинските акционери. Двете понуди за преземање ќе бидат отворени еден месец и истекуваат на деветти април.