НЛБ Тутунска Банка ги намали каматните стапки

29

Tutunska-banka1НЛБ Тутунска банка информираше дека извршила намалување на каматните стапки на кредитните продукти за физички лица и депозитните продукти за физички и правни лица.
Одлуката доаѓа како резултат на намалување на каматната стапка на благајничките записи и соодветно на тоа и намалувањето и на референтната каматна стапка, како и измената на регулативата со која НБРМ го укинува надоместокот на средствата од задолжителните резерви, стои во соопштението на Тутунска банка.

Од НЛБ Тутунска банка информираат дека од вчера, 01.01.2014 година, се намалени каматните стапки на дел од кредитните продукти за физички лица (одредени потрошувачки кредити, кредитни картички и лимит на трансакциска сметка кај кои каматната стапка ја надминува законски дозволената каматна стапка од 11,25%).

Исто така, Банката ги намали и каматните стапки на депозитните продукти за физички и правни лица.

Новите каматни стапки на кредитните и депозитните продукти се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за кредити и депозити.

Подетални информации за промените на каматните стапки се објавени на веб страната на Банката.