НЛБ Тутунска банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица

19

nlb

НЛБ Тутунска банка ги намали каматните стапки на депозитите на физички лица, се вели во соопштението на банката.

Каматните стапки на депозитите за физички лица во денари и евра се намалени од 0,01 до 0,3 процентни поени. Новите каматни стапки за физичките лица се со важност од 15.11.2015 година.

Новите каматни стапки на депозитните продукти, како што се наведува, се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити.