НЛБ Тутунска банка го означи месецот на штедењето

47

nlb-300x168

Со НЛБ денот, традиционално по четврти пат започнува месецот на штедење во НЛБ Тутунска банка.

“НЛБ денот беше означен преку организација на централен настан во Дирекцијата на Банката и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката. На НЛБ денот учествуваа деца од различни основни училишта, за кои беше организирана посебна забавна и едукативна програма со претстава, квиз, делење подароци и цртање на тема: Штедење и екологија“, се вели во соопштението на банката.

Во текот на НЛБ месецот на штедење, во периодот од 25.09.2015 до 25.10.2015, ќе биде организирана акција за собирање на цртежи на тема штедење и екологија и сите деца ќе имаат можност да нацртаат цртеж на тема: “Штедење и екологија“. Цртежите ќе може самите да ги постават на посебна веб страна за таа намена: www.stedenje.nlbtb.com.mk или да ги донесат во било која експозитура на Банката.
По завршување на НЛБ месецот на штедење ќе биде организирана голема изложба на сите цртежи кои ќе бидат собрани во текот на кампањата.

Најдобрите  цртежи кои ќе добијат најголем број на гласови преку веб страната www.stedenje.nlbtb.com.mk и оние кои ќе бидат избрани од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници, ќе добијат признанија и  парична награда.