НЛБ Тутунска банка ја претстави новата MasterCard Contactless картичка

27

nlbНЛБ Тутунска банка лансира нов картичен продукт Debit MasterCard Contactless картичка со можност за бесконтактно плаќање, соопштуваат од банката.

Бесконтактното плаќање е нова технологија која овозможува извршување на плаќањето само со доближување на картичката до ПОС терминалот. За клиентите овој начин на плаќање, нуди поголема сигурност, како и побрзо и полесно извршување на своите плаќања.

НЛБ Тутунска банка оваа година одбележува и прославува голем јубилеј – 30 години од своето постоење.

По повод 30-годишнината на Банката и воведувањето на новата бесконтактна MasterCard дебитна картичка, НЛБ Тутунска банка организира наградна игра во соработка со MasterCard за сите корисници на MasterCard картичките. Наградната игра ќе се реализира во периодот од 15.10.2015 до 15.11.2015 година.

Главната награда е автомобил Mitsubishi ASX. Покрај главната награда, Банката дневно и неделно ќе доделува и вредни парични награди на износи од по 3.000, 5.000, 10.000 и 30.000 денари кои ќе можат да се искористат на повеќе од 200 продажни места. За времетраење на наградната игра, ќе бидат доделени вкупно 100 награди, од кои 99 се парични награди и една главна награда.

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, корисници на НЛБ MasterCard кредитните картички и НЛБ MasterCard Contactless картичките кои во периодот од 15.10.2015 до 15.11.2015 година ќе направат најмалку една трансакција на износ еднаков или поголем од 500 денари. Трансакцијата треба да биде реализирана на ПОС терминал во било кое продажно место во земјата или преку Е-commerce.

Како дополнителна промотивна поволност за времетраење на наградната игра, НЛБ Тутунска банка сите картички од програмата на MasterCard, ќе ги одобрува без членарина за првата година на користење.