НЛБ Тутунска банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2015 според The Banker

94

nlb banka na godinata

На втори декември во Лондон, НЛБ Тутунска банка е прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2015 година од страна на угледниот финансиски магазин The Banker.

На свечената церемонија, којашто се одржа на втори декември во Лондон, каде присуствуваа најдобрите банки од над 152 земји во светот, угледниот финансиски магазин The Banker ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2015 година.

За најдобра банка во Македонија за 2015 година е прогласена НЛБ Тутунска банка. Ова е осми пат како НЛБ Тутунска банка ја добива оваа престижна награда, со што Банката стана најнаградувана банка од Република Македонија.

Наградата за најдобрите банки се базира на особениот успех во надминувањето на сите  поставени предизвици и согласно тоа постигнатите извонредни финансиски резултати.

НЛБ Тутунска банка во 2014 година оствари добивка од 11 милиони евра, а за првите десет месеци од 2015 година добивката изнесува 14,6 милиони евра, што ја прави оваа Банка една од најпрофитабилните компании во земјата. Банката покажа исклучително висока стабилност во услови на зголемени ризици што се должи на долгогодишната стратегија на реален раст, современите системи на управување и професионална услуга која овозможува создавање долгорочна деловна соработка со клиентите.

Оваа година, Банката прослави 30 години јубилеј од основањето, период во кој Банката во континуитет растеше и остваруваше позитивни финансиски резултати.

Во 2016 година, НЛБ Тутунска банка планира нов инвестициски циклус со кој ќе го поддржи станбеното кредитирање на домаќинствата и проектите на микро, малите и средни претпријатија од сите стопански дејности. Дополнително, Банката планира нови инвестиции за проширување на деловната мрежа и за надградба на електронските сервиси и софтвери, што ќе им овозможи на клиентите брз, евтин и едноставен пристап до услугите на Банката.